Прирачник за филмаџии опфатени сите битни термини и функции во комплексната филмска индустрија

17.02 2020
Прирачник за филмаџии  опфатени сите битни термини и функции во комплексната филмска индустрија

ДФРМ ИЗДАДЕ ПРИРАЧНИК ЗА ФИЛМАЏИИ

ОПФАТЕНИ СИТЕ БИТНИ ТЕРМИНИ И ФУНКЦИИ ВО КОМПЛЕКСНАТА ФИЛМСКА ИНДУСТРИЈА

‘Рихванд’ или ‘бекдроп’, што е ‘шарфер’, што е ‘клапер’ и за што се задолжени истите, што е ‘извршен’, а што ‘линиски продуцент’, се само дел од дефинираните поими што ги содржи Првиот Прирачник издаден од страна на Друштвото за Филмски Работници на Македонија. Филмската индустрија е многу сложена и во продукцијата на еден филм се вклучени голем број на работници и автори кои мораат прецизно да знаат што работат и колку време и буџет имаат за истото.

“Во пресрет на 70 годишнината на ДФРМ, сметавме дека е потребно едно вакво систематско подредување и дефинирање на поимите и описите на функциите во филмот. Прирачникот е всушност филмскиот буквар,  кој секој филмаџија мора да го знае инстинктивно, доколку сака да се занимава со филм. Ова е многу важен проект и чекор кон поголемата визија, а тоа е дека филмската индустрија во Македонија треба да добива свое конкретно место  со дефинирана рамка во која ќе се делува и твори” - изјави претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Секој член на ДФРМ ќе го добие прирачникот бесплатно. За прирачникот да ја добие својата форма придонесоа сите членови на ДФРМ и нивните соработници.