КОНКУРС За пријавување на кандидати за Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија

20.01 2022
КОНКУРС За пријавување на кандидати за Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија

Согласно член 56 и 57 од  Статутот и член 27 од Деловникот за работа на Собранието на Друштвото, Друштвото на филмските работници на Македонија го објавува следниот:

КОНКУРС

За пријавување на кандидати за Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија

Кандидат за Претседател може да биде секој редовен член на Друштвото кој ги исполнува следните критериуми:

  • да има високо образование или 5 години редовно членство;
  • професионално филмско искуство од најмалку 3 играни филмови;
  • познавање на најмалку еден од светските странски јазици.

Претседателот на Друштвото има мандат од 4 години со право на повторен избор.

Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и програма за работа на Друштвото на филмски работници кои треба да се достават најдоцна до 03.02.2022 година на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Изборот на Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија ќе биде извршен од пријавените кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми на следното изборно Собрание на Друштвото на филмските работници.

FaLang translation system by Faboba