Конкурс за избор директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Tuesday, 25 February 2020 13:13
Конкурс за избор директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Врз основа на Статутот и Правилникот за работа на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Друштвото на филмските работници на Македонија објавува

КОНКУРС

За избор директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ 

 

Кандидат за директор може да биде секој редовен член на Друштвото  или докажан и афирмиран професионалец од областа на уметноста, културата или друга јавна сфера кој ги исполнува следните критериуми: 

  • да има високо образование; 
  • да има менаџерски и лидерски способност и искуство;
  • да има комуникациски, организациски и аналитични вештини, способност за тимска работа и професионално однесување;
  • да има познавање и искуство во следење на светската филмска продукција и филмските фестивали од висока категорија

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ има мандат од две години со право на повторен избор. 

Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кои треба да се достават најдоцна до 11.03.2020 година на електронската адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија. 

Изборот на директор на ИФФК Браќа Манаки ќе биде извршен од пријавените кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми на следното изборно Собрание на Друштвото на филмските работници. 

FaLang translation system by Faboba