NEWS

[05/03/2018] 
КОНКУРС за директор на ”Браќа Манаки”
read more ...

[05/03/2018] 
КОНКУРС за претседател
read more ...

[18/04/2016] 
КОНКУРС
read more ...

MACEDONIAN FILM PROFESSIONAL ASSOCIATION

Друштвото на филмски работници на Македонија објавува КОНКУРС за директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера ”Браќа Манаки”

Кандидатот за директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера ”Браќа Манаки” мора да ги исполнува следните критериуми:

  • да го познава менаџирањето во културата;
  • да има познавање и искуство во следење на светската филмска продукција и филмски фестивали од висока категорија;
  • да има најмалку 3 (три) годишно искуство во организирање или водење на слични манифестации или културни установи; или
  • да има работено на три долгометражни играни филмови како Продуцент, Директор на филм или Автор во филмот.

Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера ”Браќа Манаки” и да се достават најдоцна до 15.03.2018 година на и-мејл адресата contact@dfrm.org.mk или на адреса 8ми март број 4, Скопје секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот.